X
 19.09.2019 Живот

Џиновски вулкан на една Јупитерова месечина може да еруптира во секој момент

Локи, вулкан на Јупитеровата месечина Ија, именуван по богот на сплетките во нордиската митологија, најверојатно ќе еруптира во текот на овие денови.

Ија е променлива средина на која има активни вулкани, а најголемиот е Локи. Ако новите калкулации се точни, вулканот би можел да еруптира овие денови. Ако научниците се во право, резултатите може да доведат до подобро разбирање на најсилниот вулкан во Сончевиот Систем.

Научниците со децении ја следат активноста на Локи, а со предвиден циклус од 475 дена меѓу ерупциите, на Локи му доаѓа времето. Последната ерупција била во мај 2018 година.

- Мислиме дека Локи би можел да биде предвидлив затоа што е толку голем. Поради неговата големина веројатно е да доминира основната физика кога тој еруптира, па малите компликации што ги погаѓаат помалите вулкани веројатно не влијаат врз Локи толку многу - истакна Џули Ратбрн од Институтот за планетарна наука.

Локи се карактеризира со голема лава која еруптира ритмички, се зацврстува и повторно еруптира, стои во истражување од 2006 година. Преку следење на тој циклус со децении, научниците мислат дека знаат доста за неговиот животен циклус.

- Сепак, треба да сме внимателни бидејќи Локи е именуван по бог на сплетки - рече Ратбрн.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот