Ник Литлхелс ја стекнал славата уште во добата на Алекс Фергусон пред 20 години е денес е познат како најдобриот експерт за спиење. Веќе со децении така внимава на оптималниот сон на своите клиенти, а најпознат меѓу клиентите е Кристијано Роналдо.
„Традиционалните 8 часа сон не е препорачлива формула“, вели Ник во најновото интервју. „Денес повеќе работиме на тоа да го расцепкаме сонот. Во случајот на Кристијано Роналдо, му препорачувам спиење и до 5 пати на ден пред натпревар“. Во Реал Мадри Роналдо беше донесен од Карло Анчелоти.
„Тоа што ме импресионираше во врска со Роналдо е што него не го интересира копирањето на други модели, туку дали е тоа нешто ново кое функционира на него“, вели Ник. Тој му го променил спиењето, константно спие во положба на фетус, му ги изгасил телефоните, сите облици на ТВ екрани до час време пред спиење. Спие на пена со дебелина од 10 центиметри, а мора да спие дури и 5 пати дневно најмалку 90 минути.
„Оваа слична метода ја применувал и Никола Тесла“, открива Ник.
Славниот изумител исто така применувал расцепкана формула на спиење, па така применувал спиење 4 пати по 45 минути.