X
 01.07.2023 Здравје

Зошто луѓето имаат летна несоница?

Летото носи подолги денови, поубаво време, но и несоница за многумина. Во текот на летните месеци многу луѓе се соочуваат со несоница, која не е предизвикана само од стресот и брзиот начин на живот. Причината за несоницата може да бидат токму подолгите денови и повисоките температури.

Човекот живее на планетата Земја долго време и затоа е логично дека сме наследиле некои работи од оние што живееле пред нас. Сите ние имаме код во нашата ДНК што сме го наследиле од нашите предци кои живееле во пештери каде што било темно и студено. Илјадници години ваквите состојби го условувале човечкиот мозок да произведува мелатонин, хормонот за спиење кој обезбедува квалитетен одмор.

Истражување спроведено пред неколку години покажало дека температурата на телото опаѓа во текот на ноќта поради дејството на мелатонин, а ова намалување ни овозможува да се одмориме. Во деновите кога е премногу топло, мелатонинот не може да ја намали температурата и тоа ни го отежнува спиењето.

Освен тоа, мозокот ги препознава светлината и темнината како сигнали за денот и ноќта, а колку подолго гледаме светлина, толку подолго внатрешниот часовник ќе му кажува на телото да остане будно.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје