Авторот на познатиот серијал на романи „Песна за мраз и оган“, Џорџ Р.Р. Мартин, вели дека оваа година конечно ќе ја објави „Ветрови на зимата“, долгоочекуваната шеста книга од овој серијал.
Мартин потврди дека новото продолжение нема да излези пред шестата сезона на серијата „Game of thrones“, која е базирана на неговите книги.
„Никој поради тоа не е разочаран повеќе од мене“, вели Мартин.
Писателот често, преку неговиот блог известува за напредокот на новите книги, а еден обожавател истакна дека помина скоро година дена од последните информации на таа тема.
„Мислам дека романот ќе излезе оваа година“, пишува
Мартин, наведувајќи дека книгата се`уште не е готова.
„Напредувам. Не толку колку што се надевав минатата година, кога мислев дека ќе ја завршам“, истакнува тој.