X
 02.01.2025 Живот

Во Швајцарија се собираат потписи за референдум за создавање стратешка резерва на биткоини

Во иднина, Народната банка на Швајцарија би можела да биде принудена да одржува стратешка резерва на биткоини во својот биланс. Оваа идеја е предложена од граѓани и експерти собрани во тинк-тенкот „2В4СН“. Тие и официјално почнаа да ја собираат потребната документација и да изработуваат предлог до владата уште во април 2024 година, но за слична иницијатива зборуваат од 2021 година. Конечно, кон крајот на декември успеаја да ги надминат сите регулаторни пречки, па нивната иницијатива беше официјализирана.

На 31 декември официјалниот федерален весник ја објави одлуката за покренување на народната иницијатива „За финансиски здрава, суверена и одговорна Швајцарија“. Оваа одлука значи дека иницијаторите сега имаат рок од 1,5 година, односно до крајот на јуни 2026 година да соберат 100.000 потписи за поддршка. Доколку успеат, владата ќе мора да го стави нивниот предлог на референдум.

Крајната цел е да се измени една реченица од швајцарскиот федерален устав која би гласела вака: „Народната банка создава доволна монетарна резерва од сопствената заработка; дел од овие резерви се состојат од злато и биткоини“.

Ова дополнување на Уставот би значело многу за стратешката резерва на земјата и би поттикнало нов оптимизам на пазарите на криптовалути.

Доколку една толку важна земја како Швајцарија го прифати биткоинот преку својата Народна банка, тоа би му дало дополнителен легитимитет на биткоинот, со што оваа криптовалута би била официјално во позиција на „дигитално злато“.

Извор: Bug.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот