X
 02.03.2016 Живот

Како да се наспиете за само 4 часа?

Иако експертите се согласуваат дека се потребни најмалку седум часа сон за здравје и правилно функционирање на целиот организам, можно е да се наспиете и за четири часа. Често, големите умови се земаат како пример кога се работи за спиењето. Имено, многу од нив спиеле навистина малку, но сепак успеале да работат ефикасно. Толку спиел и легендарниот Леонардо да Винчи.

Испрекинат сон

Техниката за испрекинат сон, која се поврзува со Да Винчи, е една од оние кои ви е потребна како вештина доколку сакате што повеќе време да поминете во будна состојба и да бидете подготвени за работа. Со помош на оваа техника потребно е да го поделите нормалниот период на ноќното спиење на неколку делови, односно на повеќе фази на спиење. Така, секоја фаза ќе има свој период на реализација, што ќе доведе до тоа да спиете неколкупати дневно.

Леонардо да Винчи спиел 15 минути на секои четири часа. Така, тој успевал да биде одморен спиејќи вкупно само час и пол на ден. Според историските записи, Леонардо на овој начин спиел во текот на неколку години од својот живот и никогаш не се чувствувал уморен.


Период на најголема креативност

Според мислењето на научниците, најпродуктивното време за работа и креативност е поврзан со периодот на сон. Капацитетот на една личност за работа посебно е висок токму во овој период. Според техниката на спиење која ја користел Леонардо, прекинувањето на сонот по само 15 минути доведува до зголемување на капацитетот за работа.

Распоред на спиење

Во зависност од тоа која техника сакате да ја примените, потребно е да следите еден од распоредите на спиење:

- Спиење 30 минути на секои 6 часа;
- Спиење 20 минути на секои 4 часа;
- Спиење во текот на ноќта - од 1,5 до 3 часа и потоа во текот на денот три пати по 20 минути;
- Спиење во текот на ноќта 2 часа и еднаш попладне 20 минути;
- Спиење во текот на ноќта 5 часа и час и пол во текот на денот/попладне.

Многу е важно да се одбере распоредот кој одговара на индивидуалните обврски, но и потребите и можностите. Техниката на испрекинат сон не е начин на кој би требало да спиете цел живот. Најдобро е оваа техника да се користи во текот на еден пократок период за максимално да го искористите времето за работа, а притоа да не чувствувате умор.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот