X
 02.03.2023 Култура

Се работи на нова приказна поврзана со серијата „Почудни нешта“

Серијата „Почудни нешта“ (Stranger things) инспирира нова приказна која нема да може да ја гледаме на „Нетфликс“.

Станува збор за нова претстава наречена „Почудни нешта: првата сенка“ (Stranger things: the first shadow) која ќе биде прикажана во Лондон, а ќе се фокусира на помладата верзија на некои од главните ликови. Приказната ќе биде сместена во 1959 година, кога Џим Хопер е млад, а Хенри Крил, кој станува главниот негативец во серијата, е мало момче.



Серијата „Почудни нешта“, сместена во 80-тите години, почна да се прикажува на „Нетфликс“ во 2016 година и е една од најпопуларните серии на платформата. Петтата и последна сезона од серијата е потврдена, но не се знае нејзината премиера.

Новата претстава е напишана од Кејт Трефри, која работела на оригиналната серија, и се основа на приказната напишана од креаторите на серијата, браќата Дафер и Џек Торн.


Извор: Cnet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура