X
 27.11.2015 Здравје

Што му се случува на телото по 24 часа без сон?

Во 1959 година, познатиот ди-џеј Питер Трип одлучил да собере пари за хуманитарни цели на необичен начин. 32-годишниот Трип влегол во стаклена соба на средината на Тајмс Сквер во Њујорк. Таму можел да работи на своето радио шоу 8 дена без да спие во експериментот кој го нарекол „wakeathon“.


За време на првите два дена, Трип ја забавувал својата публика со забавни содржини и звучел добро. Третиот, ден се забележале промени во неговото расположение. Тој станал агресивен кон своите колеги. Наскоро, Трип започнал да халуцинира дека неговите чевли биле полни со пајакови мрежи и дека луѓето се направени од црви.

Кога поминале 120 часа, тој истрчал од зградата бидејќи замислувал оган. Одеднаш, започнал да ги обвинува луѓето дека сакаат да го убијат. Не можел да се сети на азбуката. Тој бил буден едвај осум дена. Сепак, докторите изјавиле дека тоа е доволно време да се предизвика ноктурална психоза. По 13-часовен сон, Трип се вратил во нормала.



Што се случило по 24 часа?

Иако Трип изгледал добро по првата неспиена ноќ, неспиењето 24 часа на него делувало исто како во крвта да имал 10% алкохол.

36 часа

Кога поминале 36 часа, помнењето на Трип не било најдобро. Истражување покажало дека луѓето кои биле будни толку долго имале проблеми со помнење на лицата на познаниците и биле убедени дека се во право.

48 часа

Веќе по два неспиени дена, телото автоматски се исклучува на кратки дремки. Желбата за сон станува толку силна што личноста се исклучува без да забележи.

Смрт од неспиење?

Недостатокот на сон може да предизвика болести како дијабетес, дебелина, рак или депресија. Дали тоа може да предизвика смрт? Тешко е да се каже. Во 2014 година, 25-годишен маж починал откако бил буден 48 часа.

Во секој случај, неспиењето 24 часа не е добра идеја.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје