X
 02.04.2020 Живот

Зошто велосипедот е најдоброто превозно средство во време на социјално дистанцирање?

Возењето велосипед во близина помала од 2 метри од друг велосипедист отсекогаш претставувало опасност. Сега, кога од нас се бара да ја одржуваме нашата оддалеченост за да го забавиме ширењето на коронавирусот, велосипедите станаа идеален начин на транспорт.

Но најважно е да останете дома. Тоа е најважниот совет што треба да го послушате. Ако, сепак, мора да излезете, нема подобар избор од велосипедот, велат експертите.

Така никој нема да ви влезе во просторот од два метри, вели биометричарот Герд Антес, математичар кој се занимава со начинот на ширење на заразата. Секако, се штитите и себеси и другите.

- Можам само да кажам - седнете на велосипед - вели Антес, кој возењето велосипед го смета за 100 отсто мобилна изолација.

velosiped
Фото: Pixabay

Дополнителна корист е тоа што ќе го допирате само вашиот велосипед, а не копчињата, шипките и седиштата во автобусите што претходно ги допреле други луѓе.

- Постои високо ниво на заштита и за себе и за другите затоа што природно мора да одржувате растојание додека возите - вели Антес, директор на центар во Универзитетската болница „Фрајбург“ во Германија.

Уште повеќе, ако возите велосипед, вие ќе придонесете за намалување на бројот на луѓето што користат јавен превоз, што и понатаму е најголемиот јавен масовен собир каде што ризикот од зараза е особено голем.

Извор: Dpa-international.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот