Сите студенти на Универзитетот во Барселона ќе мора да слушаат предмет за климатската криза од академската година која почнува во 2024 година.
Целта на мерката е да се исполнат барањата на активистите кои направија окупација на универзитетот. Тоа значи дека предметот ќе го слушаат 14.000 додипломски и последипломски студенти во Барселона. Универзитетот ќе развие и програма за обука за климатските проблеми за своите 6.000 професори.
Предметот ќе биде осмислен од страна на експерти и академици, а дел од нив ќе бидат номинирани од активистите. Тој ќе носи 5 ЕКТС-кредити, а за него универзитетот веројатно ќе треба да вработи нови професори.
Одлуката за предметот доаѓа откако група студенти-активисти од организацијата „Енд фосил Барселона“ го окупираа универзитетот во период од седум дена. Студентите имале и други барања од универзитетот кои не биле исполнети, како одбивање финансии од компанијата за нафта „Репсол“ и други бизниси кои заработуваат од фосилни горива.
Извор:
The guardian
Насловна фотографија: Pixabay