X
 02.05.2019 Економија

Колку во просек се плаќа еден час работа во земјите од ЕУ?

Многу луѓе од Балканот заминуваат во земјите од Европската Унија во потрага по подобар живот и повисоки плати.

Според податоците на Евростат, просечната стапка на надомест на вработените во ЕУ, во однос на заработката, платата и придонесите што ги плаќа работодавецот, се движи од 44 евра во околината на Брисел и во Луксембург до помалку од 4 евра во три региони во Бугарија.

Просечната саатница во ЕУ во 2016 година била 22,8 евра.

Саатниците често се највисоки во регионите околу престолнините на државите. Тука исклучок се Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија и Грција.

Просечната саатница во Словенија е 16,1 евра, додека во Хрватска е 8,6 евра. Најголемата просечна саатница е во Данска и изнесува 38,9 евра, а потоа следува Белгија каде што еден час работа се плаќа 38 евра. На дното од листата се Бугарија со 4,7 и Романија со 5,1 евра за час.

Еве колку во просек се плаќа еден час работа во некои земји од ЕУ:

Франција - 32,8 евра

Грција - 11,2 евра

Шведска - 28,8 евра

Финска - 30 евра

Португалија - 11 евра

Унгарија - 6,9 евра

Германија - 31,3 евро

Австрија - 29,3 евра

Италија - 22,7 евра
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија