X
 16.08.2022 Живот

Што се зборуваше за „голфот“ во 80-тите години?

Со помош на „Југопапир“ се враќаме во раните 80-ти години кога сè уште беше актуелна првата генерација на „голф“.

„Фолксваген голф“ беше еден од најпосакуваните автомобили во регионот. Се враќаме во раните 80-ти и поранешна Југославија кога сè уште беше актуелна првата генерација на „голф“.

Легендарниот „кец“ беше омилен автомобил во поранешна Југославија, па многумина се обидоа да го споредат „голф“ со многу поевтиниот модел на „застава 101“ популарно наречен „стојадин“. Еве што кажувале за „голф I“  оние што ги прегледувале овие автомобили на технички прегледи и сервисни центри.

Maj 1982: Процената за „голф“ одамна има вредност на премија на лотарија кај нас. Побарувачката не запира, иако тој автомобил чини значително повеќе (читај десетици милиони динари) од најпопуларниот домашен автомобил „застава 101“.

Дали „голф“ навистина е толку успешен компромис помеѓу она што го нуди и цената на чинење? Дали ги оправдува сите овие маки, чекање и „фаќање“ врски за да се стигне до него?

2
Фото: VW promo

Во сервисниот центар „Ауто-куќе Инекс“ во Нов Белград го побаравме шефот на рецепција, Петар Јовановиќ, кој работи со моделите на „Фолксваген“ од 1958 година. Тој секојдневно се занимава со моделите на „голф“ при редовни сервисни контроли.

„Фолксваген голф“ се произведува од 1974 година, а само три години подоцна влезе во производната програма на сараевскиот ТАС. Така, имаше доволно време да се отстранат „детските болести“ кои, како и со секој нов модел, ги имаше, вели Петар Јовановиќ.

- Локалните весници претходно пишуваа дека првите примероци на „голф“ имаа одредени дефекти во управувачкиот механизам и во зглобовите на долниот дел од каросеријата. Но, колку што знам, кај нас беа продадени само два примероци со такви грешки. Клиентите веднаш биле информирани, а дефектите поправени - вели Јовановиќ.

Сепак, „голфот“ има и некои актуелни недостатоци. Јовановиќ истакнува дека во последно време често се расипува термостатот за вклучување на електричниот вентилатор за ладење на моторот.

Во најновите модели што имаат индикатор за температура на течноста за ладење, оваа неисправност може да се забележи веднаш штом покажувачот ќе почне да се приближува до црвената област. Кај постарите модели, пак, овој недостиг е поопасен бидејќи наместо термостат, има само светло кое свети кога моторот ќе достигне висока температура.

Возачот може да провери дали вентилаторот работи правилно кога моторот работи долго време в место. Ако тогаш вентилаторот не работи, тоа значи дека термостатот што го вклучува е скршен.

3
Фото: VW promo

Повеќе германски отколку наш

Одамна владее скептицизам кон работата и деловите на нашата „шрафцигер“ индустрија, вткаена во домашните автомобили со странско педигре.

Дека оригиналот е по повисока цена од лиценцираниот модел, веќе се знае и од дневните огласни пораки за купопродажба во кои се нагласува: Продавам застава - со италијански мотор или: Продавам голф - оригинал германски.

Токму затоа од Јовановиќ сакавме да дознаеме што е „оригинално германско“ за голфовите од ТАС.

- Не постои причина да ги сметаме домашните голфови за полоши од оригиналите. Единственото нешто е што антикорозивната заштита на почетокот беше послаба, што беше забележливо на спојките на надворешниот и внатрешниот калник. Но, од 1980 година ТАС го применува процесот на „катафореза“ за време на бојадисувањето, со кој целата обвивка се потопува во базен со боја, исто како и во германската фабрика - вели тој.

Автор: В. Славковиќ (Ауто свет, 1982)

Извор: b92.net
Фото: VW promo
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот