X
 24.12.2019 Живот

Возачи, новинари, туристички водичи... имаме непријатни вести за вас

Со развојот на вештачката интелигенција се предвидува дека многу професии ќе исчезнат, а роботите ќе им ја преземат работата на луѓето.

Промените ќе зафатат и некои професии кои моментално се безбедни. Всушност, веќе се забележани одредени тенденции во таа насока во областа на финансиското советување, преводот и транспортот. Реалноста е дека деловниот пазар постојано се менува.

Пред само неколку години за наплаќање услуги беа неопходни луѓе - на аеродромите, железничките станици, супермаркетите, патарините на автопатите... Денес, плаќањата се вршат со помош на уреди и паметни телефони.

Покрај тоа, во наредните десет години возачите, преведувачите, новинарите, персоналот за услуги на клиентите, туристичките водичи, производствените линии и библиотекарите, сите ќе бидат заборавени како професии.

Од друга страна, програмерите, архитектите, професионалците за односи со јавноста, правниците, судиите, наставниците, обучувачите, психијатрите, како и професии поврзани со менталното и физичкото здравје, ќе бидат изложени на помал ризик од исчезнување.

Извештајот на Светскиот економски форум за иднината на работните места одржан во септември посочува дека 75 милиони работни места ќе исчезнат до 2022 година токму поради вештачката интелигенција. Истовремено, се очекува да се создадат околу 133 милиони нови работни места, што е речиси двојно повеќе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот