X
 02.06.2020 Здравје

Конечни бројки на Ковид-19: 76 новозаболени, дури 52 се од Скопје

Конечните дневни бројки од состојбата со Ковид-19 во последните 24 часа во Македонија се: 76 новозаболени, 26 оздравени пациенти и една почината, соопшти Министерството за здравство. Попладне министерот за здравство Венко Филипче одржа прес конференција, но нагласи дека се чекаат официјалните бројки од уште една приватна лабораторија. Ресорното министерство соопшти дека се направени 885 тестирања. По градови, ова се новите регистрирани случаи:

- Скопје - 52
- Куманово - 2
- Штип - 1
- Тетово - 14
- Велес - 2
- Гостивар - 2
- Кочани - 1
- Пробиштип - 1
- Кратово - 1

Институтот за јавно здравје регистрирал 26 оздравени пациенти, во Скопје - 12, Куманово - 2, Тетово – 11, Гостивар – 1.

Во ГОБ „8 Септември“ починала пациентка од Струга (56 г.) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница. Досега во земјава се направени вкупно 31.187 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 2.391, од кои оздравеле 1.595 пациенти, починале 141, а во моментов бројот има 655 активни случаи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје