X
 27.06.2016 Економија

Хрватите продаваат острови - погледнете што нудат

остров

 

Хрватска има 1.185 острови од кои само 66 се населени, но наскоро би можеле да бидат повеќе.


Регионалните медиуми пишуваат дека десетина од хрватските острови се на продажба. Сите острови се ненаселени. Затоа голем дел од сопствениците тврдат дека токму нивните острови се идеална инвестиција за некој кој себеси може да си дозволи да направи приватно одморалиште или можеби луксузен резорт.

Некои од овие острови се продаваат со години, како Мали Космач кој сопственикот веќе неколку пати го дава на продажба. Овој пат за него бара 1.5 милиони евра. Цената на останатите острови е и пониска - 3 острови кај Дубровник кои ги продава еден сопственик се продаваат по цена од 5 евра по квадратен метар. Станува збор за островите Тајан, Црквина и Космеч. Што уште се наоѓа на пазарот, погледнете во продолжение.

1. Островот Тајан (Дубровник), 750 илјади евра

Овој ненаселен остров се наоѓа близу Дубровник и има површина од 150 илјади квадратни метри. Цената е 750 илјади евра.

2. Островот Црквина (Дубровник), 850 илјади евра

Уште еден остров со површина од 170 илјади квадратни метри, со цена од 850 илјади евра.

3. Островот Космеч (Дубровник), 130 илјади евра

Овој остров има површина од 26 илјади квадрати. Не е населен, а брегот му е долг половина километар. Цената изнесува 130 илјади евра.

4. Мали Космач (Шибеник), 700 илјади евра

Островот нема врска со дурбовничките Елафитима, и има површина од 5 илјади квадратни метри. Се наоѓа близу шибенскиот брег. На островот нема недвижнини, а цената е 700 илјади евра.

5. Сридњу (Задар), 6 милиони евра

Овој остров кај Задар има површина од 130 илјади метри квадратни. Сопственикот бара 6 милиони евра. На островот се наоѓа само една градба, односно стари урнатини со површина од 40 квадратни метри.

6. Средња клуд (Трогир), 1.2 милиони евра

Овој остров се наоѓа во близина на Трогир и има површина од 18.800 метри квадратни. Островот е покриен со ниска вегетација и грмушки и чини 1.2 милиони евра.

7. Остров од архипелагот Корнати, 3.2 милиони евра

Островот е сместен во северо-западниот дел на аливот Хијаци-Пристранишце и природно го штити заливот. Неговата површина е 200 илјади квадратни метри и е покриен со медитеранска вегетација и неколку ниски борови. Во приватно сопствеништво е на Националниот парк Корнати. Се продава за 3.2 милиони евра.

8. Островот во близина на Хвар, 2.3 милиони евра

Островот се наоѓа во близина на островот Хвар, и е дел од големата островска група. Станува збор за остров кој е исклучок од групата Паклени острови. Изобилува со ниска крајбрежна вегетација, брег од камчиња, а неговата површина е 209 илјади квадратни километри. Се продава за 2.3 милиони евра.

9. Островот помеѓу Пашман и Националниот парк Корнати, 2.5 милиони евра


Овој остров се наоѓа спротивно од северниот дел на влезот во Националниот парк. Зафаќа површина од 36 илјади квадратни метри. Брегот е со камчиња, а останатиот дел е прекриен со ниска вегетација и маслинки и чини 2.5 милиони евра.

10. Островот во централна Далмација, 1.5 милиони евра


Островот има површина од 35 илјади квадратни метри, а на него се наоѓа шума со алепо борови и медитеранска вегетација. Само 10% од островот не е прекриен со шума. Се продава за 1.5 милиони евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија