Телескопот „Џејмс Веб“ на американската вселенска агенција НАСА откри јаглероден диоксид на друга планета. Ова е прво вакво откритие досега. Тоа било направено од група од над 30 научници кои ги анализирале гасовите на планетата Васп 39б, која се наоѓа надвор од нашиот Сончев Систем.
Научниците откриле јасен сигнал за присуство на јаглероден диоксид во атмосферата на планетата. Претходни истражувања со други телескопи откриле водена пареа, калиум и натриум во атмосферата на истата планета.
Спектарот на гасови на егзопланетата бил една од првите фотографии испратени од „Џејмс Веб“ минатиот месец. Телескопот користи технологија за фотографирање инфрацрвена светлина.
Васп 39б е голема планета составена од гасови која кружи околу ѕвезда слична на Сонцето на оддалеченост од околу 700 светлосни години од нас. Таа има големина приближна на онаа на Сатурн, но е 1,3 пати поголема од Јупитер. На планетата има екстремно високи температури.
Извор:
Independent