X
 26.09.2022 Живот

Фотографија на астронаут од Меѓународната вселенска станица ја прикажува Земјата во поинакво светло

Астронаутот Дон Петит, кој се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, објави извонредна фотографија на неговиот твитер-профил.

Можеби не е очигледно на прв поглед, но сликата ја прикажува Земјата низ прозорците на модулот „Купола“ на вселенската станица. Ако погледнете внимателно кон долниот лев агол на сликата, ќе видите и неколку прекрасни ѕвездени патеки.

- Фотографија од Земјата со долга експозиција од „Куполата“ на Меѓународната вселенска станица. Долу, градските светла изгледаат како портокалови ленти, а во долниот лев агол се видливи бледи ѕвездени траги кои ја покажуваат ротацијата на Земјата. Астрофотрафијата може да најде возбудливи начини да ги комбинира науката и уметноста - напиша тој на неговиот твитер-профил.


Со своите седум прозорци, модулот „Купола“ нуди најдобар поглед на Земјата и пошироко од границите на вселенската станица. Ова го прави популарно место за астронаутите да одат и да се релаксираат во текот на нивната пауза.

Извор: Digitaltrends.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот