Во лето кога е многу топло најдобар начин за освежување е сладолед. Најверојатно сте пробале голем број на ралични видови на сладолед и со различен вкус. Но дали некогаш сте се запрашале зошто нема сладолед од грозје?
Грозјето е едно од најзастапените растенија на земјата и е многу здраво. Тогаш зошто не се направи сладолед од него? Причината е во соединението антоцијанин. Ова соединение е антиоксиданс и го има многу во грозјето. Атоцијанинот не му дозволува на сладоледот да замрзне, односно тој делува како антифриз.
Друга причина е присуството на лушпи. Тие се проблем во преработката но и најголем дел од вкусовите на грозјето се наоѓаат во лушпата. Доколку се фрли лушпата од грозјето би останало само шеќер. Едноставно, не може да се направи сладолед од грозје.
Доколку сте јаделе таков сладолед тогаш сигурно во него се додадени вештачки ароми.
Извор:
Optimum Naturae