X
 20.08.2019 Живот

Пластичната кутија од сладолед не треба да се користи за чување храна

Големата пластична кутија што ни остана откако го изедовме сладоледот се чини многу практична, зарем не? Има и капак, па додека ја миеме, си мислиме дека е штета да се фрли, сигурно ќе се најде за нешто.

Секако, останале малку јуфки или некое друго јадење од вкусниот ручек и затоа што храната не се фрла, се чини дека кутијата од сладолед би била идеална за складирање. А овие кутии се баш добри и за замрзнување на храната, зарем не? Рибизли, сечкан магдонос или оние две полнети пиперки што добро ќе ви дојдат кога нема да стигнете да зготвите ручек... Не, не и не!

Пластичното пакување од сладоледот треба да се фрли веднаш откако ќе се изеде сладоледот бидејќи повторното користење може да биде многу опасно. Празните кутии од сладолед можат да пренесат хемикалии во намирниците што ги пакуваме во нив. Тука се вбројуваат хемикалиите како УВ-стабилизатори, омекнувачи или супстанции кои се наоѓаат во пластиката.

Особено кога кутиите се мијат со топла вода и во нив се става храна која е со различен состав од сладоледот и може да ја „нагризе“ пластиката или ако храната во таа кутија ја загревате во микробранова.

Производителите гарантираат безгрижно користење и консумација на сладоледот што е во кутијата, меѓутоа, кога ќе се испразни кутијата, мора да се фрли. Подобро е да си набавите посебни пластични кутии направени од пластика која е сигурна за чување храна и која може да се користи повеќе пати.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот