Снуп Дог, рапер, претприемач и основач на компанијата „Др. Бомбеј“, бара меѓународен дегустатор на сладолед, слатка работа која се плаќа 10.000 долари месечно и за која можат да се пријават кандидати од целиот свет.
Снуп го објави огласот на 27 август наведувајќи дека „Др. Бомбеј“, додека ја шири својата работа, бара инспирација за нови вкусови надвор од границите на САД.
Компанијата, која во 2023 година ја започна со својот син Кордел Бродус, се здружи со платформата за вработување „Дил“ за да најде личност која ќе дегустира замрзнати десерти, ќе забележува нови трендови и ќе помага во осмислувањето на идните производи.
Потрагата е поврзана и со корените на брендот. Според наводите на компанијата „Др. Бомбеј“, нејзината приказна е поврзана со таткото на Снуп, Вернел Варнадо, кој пораснал на фарма за крави во Мисисипи.
Кој може да се пријави?
„Др. Бомбеј“ сака да го најде најдобриот кандидат за позицијата меѓународен дегустатор на сладолед. Заинтересираните можат да се пријават преку веб-страницата на компанијата „Дил“, каде што се побара да наведат лични податоци, профили на социјалните мрежи и детали за своето искуство со сладолед.
Пријавата содржи и прашања за нивната љубов кон овој замрзнат десерт. Едно од нив гласи: „Колку сладолед јадете неделно?“ Во другото од кандидатите се бара да направат објава за социјалните мрежи за комбинација на храна или вкус со која се моментално опседнати.
Снуп Дог во јуни го претстави и својот прв сладолед на стапче. Наречен „Снупсиклс“, доаѓа во комбинација на вкусови - малина, цреша и лимета.
На пакувањето се наведува дека се направени од вистински овошен сок и без вештачки бои. Достапни се во избрани продавници, а пакување од 24 парчиња чини 14,99 долари.
Фото: принтскрин/јутјуб