Подобрување на содржината на образованието во однос на приоритетите на нашето општество, особено за потребите на пазарот на трудот, инфраструктурата на образовниот систем, вклучително градбите, опремата, наставните и асистивните технологии, законодавството, управувањето и финансирањето... Сево ова е предвидено во Стратегијата за образованието на Република Македонија за 2018-2025 година и нејзиниот Акциски план кои Владата ги усвои на вчерашната седница.
Обемниот документ е изработен со пари и техничка поддршка од Европската унија. Во неговата изработка учествуваа многу експерти, наставници и професори, претставници на јавни институции, невладини организации кои се занимаваат со образовните политики во Република Македонија.
На седницата беа усвоени и активностите за изработката на Стратегијата за паметна специјализација. Од Владата велат дека овој документ е на високо место во агендата на Европска Унија. Документот лани во Трст го потпишаа премиерите на Западен Балкан, за зголемена интеграција на регионот.
Факултети.мк лани во ноември објави делови од обемната стратегија. Текстот можете да го прочитате
ТУКА.