На социјалните мрежи кружат видеа од Кина кои потсетуваат на научнофантастични филмови. Во преден план се службениците за спроведување на законот кои патролираат по улиците во друштво на роботи со вештачка интелигенција, дизајнирани да откриваат и да запираат злосторства.
Полициските роботи се направени од компанијата „Логон технолоџи“, а целта е да им помогнат на полицајците и да ги заменат во опасни ситуации.
Според производителот, автономните роботи можат да се движат по копно и вода, достигнувајќи брзина до 35 километри на час и можат да издржат удари до четири тони.
Тие се опремени со софистицирана технологија за препознавање лице и камери за откривање неправилности во нивната околина. Тие можат да повикаат засилување - други роботи или луѓе, но и самите можат да ги фатат криминалците.
Rotunbot (RT-G spherical robot from Logon Technology)
byu/EfficientPizza inCyberpunk
Пробно или трајно решение?
За такви потреби тие се вооружани со мрежа и солзавец, уреди за емитување звучни бранови и гранати. Нивната способност да се движат во сите услови е прикажана во промотивното видео.
Иако се забележани како патролираат со човечки полициски сили, останува нејасно дали се работи за пробен период или за трајно решение.
Она што е јасно е дека Кина инвестира многу во технологијата за вештачка интелигенција и роботите, кои очигледно нашле примена и во секторот за јавна безбедност.
Извор:
Telegraf.rs
Фото: