X
 02.07.2021 Забава

Големите рекламни компании „се тепаат“ за швајцарски навивач кој стана хит на Евро 2020

Лука Лутенбах, швајцарски навивач кој стана хит на натпреварот помеѓу Швајцарија и Франција за време на Евро 2020, поради неговите „луди“ навивачки минути, се најде на мета на големите светски компании во неговата земја, кои сакаат да го ангажираат за рекламни цели.

Лутенбах доби многу понуди и досега ги прифати сите. Ред бул, Свис Ерлајнс, Швајцарската федерална канцалерија за јавно здравје... сите сакаат да соработуваат со него.

Прва компанија што го контактирала е „Свис ејр“, главната швајцарска авиокомпанија, која веќе му го платила летот до Санкт Петербург за да го гледа натпреварот Швајцарија против Шпанија.

Покрај тоа, на натпреварот Лука ќе биде опремен со „Ред бул“ пијалаци. Исто така, швајцарскиот туристички одбор сака да направи кампања со него, откако ги воодушеви сите во татковината со својата емотивна реакција против Франција, па му беше ветено и релаксирачко патување.

Швајцарската влада изрази желба да ја овековечи неговата реакција на трибните претворајќи ја во официјална фотографија во кампањата за вакцинација против ковид-19. Го контактирала дури и швајцарската млекарница „ЕММИ“, за заедничка соработка.

За потсетување, швајцарскиот навивач се најде во центарот на вниманието во медиумите по натпреварот Швајцарија против Франција во осминафиналето на Евро 2020.

Во 90. минута Швајцарците постигнаа израмнување со голот на Марио Гаврановиќ, а тие моменти Лутенбах ги доживеа особено емотивно.

Само неколку секунди пред голот на Гаврановиќ, на трибините камерата „фати“ човек кој беше во очај и се молеше неговиот тим да стигне до израмнување и продолженија. Кога Марио погоди, режисерот се сети на овој навивач. Овој пат, кога камерата повторно го „фати“ истиот навивач, тој беше во сосема поинакво расположение, доживувајќи катарза.

Швајцарија конечно славеше победа по пенали и резултат 5:4, и за првпат во историјата се пласираше во четвртфиналето на Евро 2020.

Извор: Klix.ba
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава