Ново истражување спроведено од истражувачи во Бостон, САД, покажува дека бројот на заболени од рак меѓу лицата под 50-годишна возраст драматично се зголемил низ целиот свет во последниве неколку децении.
Овој драстичен раст започнал околу 1990 година, а се чини дека ризикот се зголемува со секоја генерација. На пример, лицата родени во 1960 година имаат повисок ризик да заболат од рак пред да наполнат 50 години отколку оние родени во 1950 година.
Во
истражувањето научниците анализирале податоци од целиот свет за 14 вида рак. Резултатите покажале зголемен ризик за сите видови рак кај лицата помлади од 50 години во годините од 2000 до 2012. Како што објаснува Шуџи Огино, професор и научник, лицата од секоја следна генерација имаат повисок ризик за заболување од рак поради ризик-факторите на кои биле изложени на помлада возраст.
Фото: Pixabay
Истражувањето покажало дека фактори што играат улога се исхраната, животниот стил, околината и микробиомот, кој значително се сменил во последните неколку децении, а можеби придонесува во зголемениот ризик од рано заболување. Како можни ризик-фактори за рано заболување на рак се наведуваат консумирањето алкохол, недостигот на сон, пушењето, зголемената телесна тежина и јадењето процесирана храна.
Истражувачите посочуваат дека причина за растот на бројот на заболени е и раното откривање на некои видови рак.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay