X
 02.07.2022 Живот

Дизајниран велосипед со задно тркало поделено на две полутркала

Велосипедите се главен елемент на модерното живеење. Сигурно имате видено електрични велосипеди и тандем-велосипеди, но сигурно не сте виделе велосипед чии тркала се поделени на половина.

Инженерот Сергеј Гордиеев направи уникатен и целосно функционален велосипед кој вози нормално, иако задното тркало е поделено на две половини.

На видеото тој демонстрира како паметната конструкција му помогнала да изгради велосипед по нарачка со екстра долга задна страна за да се смести задното тркало кое е преполовено.

- Вака изгледа обичната математика: 0,5 + 0,5 = 1. Истото треба да функционира и во „веломатематиката“ - пишува во описот на видеото.

Клучот за овој изум е тајмингот на поделените тркала. Додека едната гума се притиска на тротоарот во кривина, другата е во воздухот.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот