Според истражувањето објавено во списанието „Lancet Infectious Diseases“, научниците во Кина открија значително зголемено ниво на бактерии кои се отпорни на антибиотик колистин кај свињите.
Лекот е последната линија на одбрана против бактериските инфекции, кои се чести кај луѓето. Истражувачите велат дека очекуваат отпорните бактерии да се прошират надвор од Кина, ако и тоа веќе не е направено.
„Она што особено е загрижувачки е дека овој механизам на отпор значи дека може да се прошири лесно меѓу видовите. Значи, веројатно е глобално ширење“, вели Лиз Тајлер од СЗО. „Ова истражување вели дека веќе започна да се шири надвор од Кина и Малезија“.
Според истражувањето, истражувачите наидоа на бактерии отпорни на антибиотици за време на „рутински надзор“, со кој се тестирала антимикробната отпорност на Е.коли во кинеската храна за животни. Во истражувањето 21% од животните имале колистин отпорна бактерија, како и 15% од примероците на сирово месо и 1% кај луѓето пациенти.
„Некои луѓе ќе имаат неизлечливи инфекции, и ќе започнат да умираат. Мора да преземеме акција сега“, вели Лиз Тејлор.
Истражувачите ја поврзале зголемената превалнеција на супер-микроорганизмите со прекумерната употреба на антибиотици во храната на животните. Лекот, претежно се користел во индустријата на кинескиот добиток,
може да ги одржува животните здрави во индустријализиран процес на храна, но нивната употреба со текот на времето може да предизвика многу бактерии да се борат против нив. Во 2005 година, ЕУ ја забранила употребата на антибиотици во сточарството за не-медицински цели, но лекот се`уште нашироко се користи низ целиот континент, и е чест во земјоделската индустрија на Америка.
Загриженоста заради неизлечива инфекција привлече внимание и во Америка, после извештаите на медицински отпорни на „Staphylococcus aureus“ или MRSA.