X
 09.10.2020 Наука

Танцувајте - така ќе го намалите нивото на стрес и ќе бидете посреќни

Велат дека смеењето е најдобриот лек, но 8 од 10 луѓе сметаат дека танцувањето е исто толку одлично: им го намалува нивото на стрес и ги прави посреќни.

Истражување спроведено на 2.000 возрасни Британци покажа дека три четвртини се чувствуваат среќни кога играат во нивниот дом. И речиси половина изјавиле дека нивното ментално здравје е подобро како резултат на оваа активност.

Истражувањето, нарачано од „Зумба“, открило дека 67 отсто посакуваат да можат почесто да танцуваат иако 41 отсто велат дека се прилично лоши или ужасни во оваа активност.

- Позитивните ефекти од танцувањето се прикажани во научната литература за да ни помогнат со стресот и вознемиреноста на многу начини, особено во тешки периоди како овој. Танцувањето му помага на умот да се оттргне од постојните шеми на размислување - и затоа танцувањето го намалува стресот - вели психологот д-р Питер Ловат.

Д-р Ловат објаснува како функционира науката.

tancuvanje
Фото: Freepik

- Кога го движиме телото, тоа ослободува различни неврохемикалии. Опиоидните рецептори стануваат поактивни и тоа значи дека се зголемува нашиот праг на болка. Чувствуваме помалку болка кога танцуваме - вели тој.

Истражување од „Уанпол“ вели дека 28 отсто изјавиле дека танцувањето им обезбедува убави спомени, додека 23 отсто изјавиле дека им помага да се поврзат со пријателите.

Речиси четворица од 10 (37 отсто) рекоа дека танцувањето им помага да заборават на сите проблеми, а 42 отсто веруваат дека танцувањето им овозможува да се „изгубат себеси“.

- Физичката активност може да биде одличен начин за намалување на стресот и вознемиреноста - особено во тешки периоди како овој. Танцувањето докажува дека и физичкиот напор може да биде забавен - вели д-р Ловат.

Извор: Good News Network
Фото:  Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука