„Икеа“ само што не ја отворила својата прва продавница во Индија, што само по себе е голема вест бидејќи западните трговци мораат да се потрудат да ја поминат индиската бирократија, а особено е тешко да се изборите за добра локација. Тоа ќе биде 37 држава во која „Икеа“ има своја продавница, што веројатно не му успеало никому освен на ланците за брза храна и на ОН.
Американските компании никогаш не биле премногу успешни кога ги отворале претставништвата надвор од матичната држава, а секогаш најлошо поминувале во Кина и Азија. Ништо подобро не им одеше ни на европските трговци - доволно е да се присетиме дека „Маркс и Спенсер“ и „Карфур“ ги затворија сите продавници надвор од матичната земја поради лошата продажба. „Теско“ се обиде да се пробие до Европа, Азија, Северна Америка во повеќе наврати, но тоа никогаш не им успеа, единствено успеаја некако да се задржат во Мексико и Кина.
Па, која е тајната на успехот на „Икеа“?
1. Доаѓаат од мал пазар во Шведска, па од почетокот знаеле дека ќе успеат само ако се прошират надвор од земјата. Речиси од самиот почеток, интернационалната експанзија била дел од стратегијата, а не нешто што им паднало на памет подоцна, откако го исцрпиле матичниот пазар.
2. Трпеливоста била еден од главните принципи на компанијата во текот на ширењето надвор од границите. Првата трговија на „Икеа“ во САД е отворена во 1985 година, а за втората се чекало со години. Дури и денес, на огромниот пазар во САД има само 45 продавници. Во Индија трпеливо ги чекаа вистинските услови за отворање, додека други размислуваа на начин: „прво отвори, а потоа сфати“.
3. Од „Икеа“ внимателно размислуваат за зачувување на целокупниот амбиент во секоја држава, но сепак се прилагодуваат на трговските услови во кои одат. Така, во продавницата во Индија ќе биде понудена услугата и на составување на мебелот кај самиот купувач, што е еден вид преседан за ланецот кој е познат по традицијата наречена „do-it-yourself“. Во САД тие ја прилагодија големината на постелнината на американската големина на креветите.
Фото: Novac
4. Дизајнот на нивните производи е неутрален, што е одлично бидејќи многу трговски ланци се обидуваат да им продадат на другите земји несоодветен дизајн. Едноставните и чисти линии на „Икеа“ се популарни во сите држави во светот.
5. И името е дел од глобалната стратегија. Ако вашата компанија има име кое се изговара тешко и во другите држави нема смисла, тешко дека ќе го прифатат надвор од границите.
6. И последно, „Икеа“ има неверојатно добар модел на производство. Деловите ги купуваат во земјата во која работат, па тие веднаш им се достапни, а и поевтино е да се дојде до нив.
Кога конечно ќе биде отворена продавницата во Индија, нема сомнеж дека некои нешта нема да се одвиваат така едноставно. Шведските ќофтиња веројатно нема да се јадат во земјата во која луѓето не јадат говедско, а веројано нема да им се допаѓаат и сите производи. Но, „Икеа“ ќе стане свесна за тоа многу порано отоколку кој било друг во
трговијата.