Научниците од Калифорнискиот универзитет во Сан Диего тестираат неверојатна нова технологија - контактни леќи со кои корисниците би можеле да зумираат само преку трепкање. Во неодамна објавен труд научниците објаснија како овие леќи се разликуваат од некои претходно развиени кои се контролираа рачно или користеа преходно напишани програми.
Леќите користат електроокулографски сигнали генерирани од движењата на очите за да го контролираат движењето и фокусната должина на леќите, поради што тие се уникатни.
Леќите се контролираат преку електроди кои ги имитираат мускулите на очите.
Фото: Bored Panda
Моментално, овие леќи сè уште се прототипови. Иако прототипот на леќите изгледа како куп микрочипови и жици, прашање е на време пред да станат доволно мали за лесно да се вклопат во вашето око.
Фото: Bored Panda
Сè уште има многу работа пред овие леќи да бидат достапни за сите, но неверојатно е дасе види што може да направи модерната
технологија.
Фото: Bored Panda
Научниците велат дека овие леќи имаат потенцијал еден ден да бидат користени во очилата на подесување и далечински управуваните роботи.