X
 13.12.2020 Образование

Американците споделуваат колку изнесуваат нивните студентски долгови и бројките се огромни

Високото образование треба да ви помогне да напредувате. Но доколку студирате во САД и треба да плаќате илјадници долари за да студирате, тогаш дипломата може да ве кочи со години. Земјата е една од најпопуларните дестинации за студирање, но и една од најскапите.

Пред неколку дена еден корисник на „Твитер“ објави дека неговиот студентски долг изнесува 82.649 долари. Набрзо други корисници ги објавија своите студентски долгови со слични суми.



Податоците покажуваат дека американците должат 1,6 билион долари за студирање. Вкупниот студентски долг може да достигне 2 билиони долари до 2024 година. Околу 43% од Американците што студирале зеле некаков заем за студирањето. Кај денешните студенти, околу 54% од нив студираат со помош на заем.



По старосни групи, младите од 25 до 34 години должат вкупно 498 милијарди долари според податоци од 2019 г. Оние од 35 до 49 години должат 558 милијарди долари, а оние од 50 до 61 година должат околу 230 милијарди долари. Околу 92% од студентските долгови се позајмени од владата на САД.



Автор: Рокас Лоринавичиус

Извор: boredpanda.com
Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование