Нашата омилена “крнтија од автомобил“ слави роденден, на 2 Октомври 1978 година, кога беше претставен за прв пат. Дизајнот за автомобилот, кој подоцна беше познат како "Југо 45", бил направен во Италија, а интересно е дека тоа прво "југо" било составено рачно во 1978 година и било доделено на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито.
Како првото југо изгледало, може да видиме во документарецот на Мине Ѓукиќ; "Југо-кратка автобиографија",
а еве што знаат сите, на кои југото им бил прв автомобил.Чудната коинциденција е дека масовното производство на најпопуларниот автомобил започнало во годината на смртта на Тито, а како почеток на сериското производство во историјата на фабриката е запишано 28 ноември 1980 година.