X
 11.08.2026 Живот

Чантичка од змиска кожа и празен ковчег: Што открил личниот лекар на Тито за неговиот вистински идентитет

Д-р Александар Матуновиќ е еден од луѓето од опкружувањето на Јосип Броз што се сомневал и подоцна тврдел дека има докази дека Тито не е личноста за која се претставувал.

Тој го лекувал Маршалот од 1975 до 1979 година, односно речиси до смртта. Тој напишал дека „пронајдениот извештај оди во прилог на изнесениот сомнеж, односно мислењето дека Тито не е Јосип Фрањо Броз од Кумровец, туку дека зад тоа име се крие друга личност“.

- Тито имаше мала актовка-чантичка, ми се чини од змиска кожа. Секогаш ја носеше со себе. Содржината на чантичката, покрај клучот, беше обезбедена и со катинар. Во два наврати - влегувајќи во неговите простории, го затекнав како претура по чантичката. Двата пати со грбот беше свртен кон вратата, а чантичката му беше во скутот. Кога ќе влезев, брзо ја затвораше чантичката. Изгледаше како човек фатен во недозволена дејност. По тоа знаев дека во чантичката се наоѓаат некои за него значајни нешта.

По неговата смрт се распрашував кај членовите на комисијата за средување на оставината на Тито што пронашле во таа чантичка. Еден од членовите на комисијата, Звонко Костиќ, ми рече дека покрај златниот накит, пронашле посмртница за Даворјанка — Зденка Пауновиќ од 1 мај 1945 година, извод од матичната книга на венчаните со Јованка Будисављевиќ од 1952 година и слика од Пелагија Белоусова.

Таму имало и копија од извештајот на австроунгарското Министерство за војна од есента 1915 година, во кој имало список на австриски офицери, подофицери и војници кои загинале за време на битката во Галиција. На списокот се наоѓало и името на капларот Јосип Фрањо Броз - пренесува Дневно.хр.

Пронајдениот извештај оди во прилог на сомнежот, односно мислењето дека Тито не е Јосип Фрањо Броз од Кумровец, туку дека зад тоа име се крие друга личност.

Неговиот погреб не можеше да помине без тајни и мистерии. Најголемата тајна беше што всушност се наоѓа во ковчегот кој беше изложен во сегашната зграда на Собранието на Србија и прекриен со знамето на Југославија со петокрака.

Целата мистерија околу погребот, кој собра најголем број светски државници на едно место, ја отвори своевремено д-р Обрен Ѓорѓевиќ, некогашен началник на СДБ на Србија.

Тој тогаш изнесе тврдења дека телото на Јосип Броз Тито никогаш не било во ковчегот, туку дека таму се наоѓал песок.

- Кога умре Јосип Броз Тито, одредени членови на Претседателството на СФРЈ, пред сè, Стеван Дороњски и Стане Доланц, сакаа да го балсамираат и да го стават во мавзолеј, каков што има Ленин на Црвениот плоштад. Телото на Тито, меѓутоа, беше полно со разни лекови, па почна прерано да се распаѓа и да шири непријатна миризба. Од медицински и хигиенски причини, пред сè, Доланц, Микулиќ и Дороњски, одлучија погребот да се изврши без неговото тело. Во ковчегот што беше изложен во Сојузното собрание се наоѓаше песок - рече за медиумите Ѓорѓевиќ, кој така ги разјасни овие мистерии.

Секако, и денес многумина се прашуваат дали Јосип Броз Тито навистина е погребан во Куќата на цвеќето, зошто нема петокрака на мермерната плоча и многу други прашања кои се плод на разни теории на заговор - или сепак не.

Извор: бука
Фото: Википедија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот