Неопходно е да ги научиме децата да бидат толерантни кон различните од себе. Тоа претставува комплексна задача ако знаеме дека за стереотипите и предрасудите учат по модел. Некои истражувања потврдуваат дека децата за овие поими учат од возрасните, дури и на невербално ниво, од говорот на телото и гестикулацијата, кои подоцна ги идентификуваат како свои
Одењето на училиште не е само процес во кој децата учат за светот и за животот, ами тоа се години кога тие всушност учат многу и за социјализацијата и за разликите. Токму предрасудите и стереотипите имаат моќ најмногу да се развијат кога децата запознаваат нови другарчиња. Овде на сцена стапуваат родителите, но и училиштата и наставниците.
Деца.мк разговараа со психологот Елена Милошевска на оваа тема, разговорот прочитајте го на
ОВОЈ ЛИНК