X
 24.05.2017 Живот

Дали акцентот прави да звучиме поинтелигентно?

Често се обидуваме преку облеката да оставиме добар впечаток во зависност од пригодата, но дали и со менувањето на акцентот исто така ќе има некаква разлика?

Постојат неколку познати имиња кои тоа го направиле како на пример Маргарет Тачер, Тони Блер и Џорџ Озборн. Тие биле исмејувани заради тоа што на тој начин според многумина им недостигала автентичност.

Стандарден дијалект е едноставно една локална верзија на јазик, која е општо прифатена. Во повеќето земји во кои се говори англискиот јазик, дијалектот кој се зборува од поголемиот дел на популацијата се смета за стандарден. Многу луѓе веруваат дека дијалектот е највисокиот општествен престиж и е точната форма на јазикот. Всушност, сите дијалекти и акценти се лингвистички валидни.

Зошто некои го менуваат својот акцент? Не е лесно тоа да се стори, но некои акценти се едноставно позабавни. Впрочем, акцентите се оние кои веднаш даваат информација за тоа од каде потекнува личноста која зборува. Истражувањата покажале дека потребни се само 30 милисекунди од говор, колку да се изговори „здраво“, за слушателот да идентификува на која културолошка позадина или етничка група припаѓа оној кој говори.

Уште од 1960 година, истражувањата се занимавале со темата – како слушателите можат да одредат различни особини на оној кој зборува само според тоа како звучи. Акцентот прераснал во културна гордост, но за некои и извор на срам. Тоа е така бидејќи, според спроведените студии, кога луѓето го дознаваат, односно слушаат акцентот на говорникот, тогаш тие според него донесуваат и суд за неговиот карактер. Па така, акцентите кои важат за престижни, слушателите ги поврзуваат со карактеристики како интелигенција, комуникативност и висок професионален статус. Тоа е негативно за оние кои зборуваат на акцент којшто генерално е сметан за срамотен, па така често луѓето се одлучуваат да го менуваат само за да добијат повисока позиција во општеството, во најголем дел професионално и да не бидат дискриминирани.

Иако многумина се одлучуваат да го променат акцентот, сепак реализираните експерименти покажуваат дека слушателите имаат проблем во когнитивното процесирање на информации од луѓе кои зборуваат на акцент кој не се совпаѓа со нивната припадност или културолошка позадина.

Експертите сметаат дека подобро е да се зголеми свеста за фактот дека луѓето поседуваат лингвистички предрасуди врз основа на акцентите, отколку да се советува да се менува акцентот, што би значело и менување на суштината на својот идентитет.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот