Негувањето на предрасуди и верувањето во општествените стереотипи не се особено прекрасни особини, но една нова студија покажа дека човечкиот мозок може да има природна тенденција да класифицира групи на луѓе, особено кога овие групи се поврзани со негативни карактеристики.
Појавувајќи се во списанието
Journal of Cognitive Neuroscience, истражувањето обезбедува застрашувачки показател за тоа колку влијателни може медиумите да бидат во зајакнување на нервните механизми зад овој вид на расно и етничко профилирање.
Еден тим на научници од британски и австралиски универзитети создадоа фиктивен универзум, населени со групи со имиња како „Hezlatts“, „Kitils“, „Trithans“ и „Grallacks“. Некои од овие кланови беа означени како зло, додека другите како инхерентно добро.
Авторите на студијата покажале низа на насловни вести на групата на учесници која помогнала во воспоставување на моралната природа на секоја од овие групи. На пример на испитаниците им било кажано дека член од едната група тешел пријател, чиј дедо починал, додека претставник од другата група удирал мачка на улица.
Со користење на функционална магнетна резонанца (fMRI)) за скенирање на мозокот на учесниците, како што тие учествувале во експериментот, истражувачите забележале дека областа на мозокот наречена преден темпорален пол (аnterior temporal pole) станала активна како што тие развиле чувство за предрасуди кон одредени групи.
Кога читале статии за лошите карактерни групи, активноста во овој дел од мозокот се зголемила, иако кога читале наслови во однос на групите кои се перцепирале како морално исправни, немаше активност забележана во овој регион.
За да ја раздвижат динамиката, научниците им претставиле на учесниците некои изјави кои биле спротивни од стереотипите што ги воспоставиле. На пример им било кажано дека член на злобната група направил нешто љубезно или дека член од примерната група направил прекршок.
Овие аномалии биле обработени од страна на префронталниот кортекс на мозокот, која авторите на студијата рекле дека е одговорна за откривање на грешки во светот околу нас. Сепак, овој ефект е секогаш поголем во одговор на една лоша група која направила нешто добро, отколку обратно, што покажува дека мозокот е повеќе изненаден од она што ги предизвикува нашите негативните стереотипи од оние кои предизвикуваат позитивни.
Овие наоди укажуваат на тоа дека предрасудите може да се повеќе вродена човечка особина, без оглед дали многу од нас сакаат тоа да го признаат. Исто така, со постојано прикажување на одредени групи на луѓе во неповолна светлина, медиумите имаат моќ да ја „украдат нашата ментална машина“ и да предизвикаат негативни стереотипи кои стануваат вградени во нашата свест.