X
 02.11.2020 Образование

Европските млади инженери разменија идеи за развој на личните и професионалните вештини

Млади инженери од сите европски земји учествуваа на 46. виртуелна конференција на тема „Поврзување на инженерските перспективи“. На конференцијата, во организација на Клубот на млади инженери при Инженерската институција на Македонија и под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, учествуваа 150 млади инженери. Конференцијата се одржува во годината кога се обележува јубилејот 100 години од формирањето на првото здружение на македонските инженери.

Младите инженери разменија идеи за развојот на личните и професионалните вештини. Голем број мотивациски говорници и предавања од директорите на ЕВН, УЛТРА, МЕПСО, ОКТА, КОСТАЛ и „Коленко“, потоа универзитетски професори, експерти и многу други професионалци во рамките на автомобилската, прехранбената и медицинската индустрија, енергетиката и градежништвото, ги споделија своите знаења и искуства со младите инженери, правејќи мост помеѓу трендовите во новите технологии, како што се машинското учење, биоинженерингот, вештачката интелегенција и изнаоѓање решенија за борба против природните катастрофи предизвикани од климатските промени.

Конференцијата со свои обраќања ја отворија Пендаровски, претседателката на Инженерската институција на Македонија, Христина Спасевска, претседателката на македонските млади инженери, Николина Шутиноска, и претседателите на европските федерации на инженерите и на младите инженери, Ралф Апел и Фредерик Шулце Шпунтруп.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование