X
 13.09.2019 Образование

Лицата со попреченост во фокусот на Меѓународната студентска конференција на Филозофскиот факултет во Скопје

Студентите и наставниците од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје учествуваат на Меѓународната студентска конференција која од денеска до недела се одржува на Филозофскиот факултет во Скопје.

Конференцијата е прва од ваков тип, во фокусот се лицата со попреченост, а можностите за подобрување на квалитетот на животот на оваа категорија се разгледуваат од различни аспекти. Пријавено учество имаат студенти од различни факултети, меѓу кои и студенти со попреченост. Конференцијата ќе биде инклузивна во целост и како даватели на услуги (угостителски и за изработка на конференциски материјали) ќе бидат задолжени лицата со попреченост.

Покровител на конференцијата е премиерот Зоран Заев.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование