X
 19.09.2022 Живот

Конференција „Борба против трговијата со луѓе за трудова експлоатација во европа: стандарди, реалност и нови стратегии за акција“ ќе се одржи во Белград

Конференцијата „Борба против трговијата со луѓе за трудова експлоатација во европа: стандарди, реалност и нови стратегии за акција“ ќе се одржи во вторник и среда, 20 и 21 септември 2022, во хотелот Мона Плаза (сала Доњи Дорчол, 1 кат) ул. Цар Урош 62-64, во Белград.

Воведни говори ќе бидат одржани од:

➢ Тобајас Флесенкемпер, Раководител на канцеларијата на Советот на Европа во Белград

➢ Гордана Комиќ, Министерка за Човекови права и права на малцинствата и социјален дијалог, Србија

➢ Пејта Несторова, Извршна секретарка на Конвенцијата за акција против трговија со луѓе на Советот на Европа

➢ Даен Шмит, Координаторка за борба против трговија со луѓе на Европската Унија (онлајн)

По воведните говори, следно на распоредот на конференцијата се сведочењата на поранешни жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација (г. Сеудин ЗОЛЕТИЌ и г. Марко ТАМИНЏИЈА, двајца од 33 апликанти во случајот „Золетиќ и останати против Азербејџан“ поднесен пред Европскиот суд за човекови права) и дебата за стандардите, реалностите и новите стратегии за акција во борбата против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација.

Извештаите на Групата на експерти на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе (ГРЕТА), покажуваат дека трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација станува најраспостранета форма на експлоатација во некои од државите членки на Конвенцијата за акција против трговијата со луѓе на Советот на Европа. Надградувајќи се на работата на Групата на експерти на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе (ГРЕТА), и лекциите научени од проектите за борба против трговијата со луѓе имплементирани во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, конференцијата ќе има за цел да го унапреди разбирањето за опсегот и природата на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во Западен Балкан, постојните предизвици и стратегиите за нивно надминување. Конференцијата ќе биде можност да се претстави скорешната работа на Советот на Европа и останатите меѓународни организации, со фокус на стратегиите за превенција, зајакнувајќи ја улогата на чинителите на пазарот на трудот и приватниот сектор, и надминување на предизвиците за пристапот на жртвите до правдата и ефективните правни лекови.

Програма за настанот Конференцијата ќе биде организирана како дел од проектите за спречување и борба против трговијата со луѓе во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот