X
 03.01.2017 Технологија

Отсега бидете внимателни: Постои веб-страница што дознава што симнувате

На интернет се појави нова веб-страница за која нејзините креатори велат дека знае сé што вие и вашите пријатели симнувате преку „торент“.

„I Know What You Download” собира информации од цел интернет за да дознае што луѓето најмногу симнуваат. Освен тоа на наједноставен начин овозможува вашите пријатели да објават информација за тоа што најмногу симнуваат со торент.

Оваа алатка работи на начин што собира „Ај-пи“ адреси на личноста која ја посетува страницата. На тој начин ги следи торентите кои се симнуваат по пат на „Ај-пи“ адресите. Тоа значи дека секој кој бара некој фајл за симнување може да биде идентификуван од страна на друга личност која ја бара истата таа датотека.

Алатката за следење на оваа страница ќе ја пронајде вашата „Ај-пи“ адреса и по неа ќе се прикажи сé што е симнато од интернет под тој код.

Покрај тоа, постои опција која овозможува на секој да види што симнуваат неговите пријатели. Страницата тоа го прави што на корисниците им дозволува да испратат линк на пријателите. Тој линк може да изгледа како „Фејсбук“ или страница на некој информативен портал. Кога пријателите на него ќе кликнат, алатката ја снима нивната „Ај-пи“ адреса и покажува што личноста симнала.   

Авторите на оваа страница наводно започнаа со работа со цел да им помогнат на издавачите и полицијата да ги заштитат авторските права и да помогнат во борбата против пиратеријата.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија