X
 03.01.2020 Живот

Шумахер повеќе не е истата личност, ниту некогаш ќе биде

Познатиот неврохирург д-р Никола Акчари вели дека Михаел Шумахер денес е многу поинаков од она што некогаш беше.

Шумахер, кој го држи рекордот за најголем број победи на возачи на Формула 1, се здоби со повреди на главата по скијачката несреќа во 2013 година и оттогаш е на интензивна нега, без притоа да се знае неговата вистинска состојба.

Д-р Акчари, кој работи во болницата „Беларија“ во Болоња, открива дека од ваквите долгорочни повреди произлегуваат и други медицински компликации.

- Во случајот на Шумахер, шест години по несреќата, тој е различна личност од таа што ја паметиме на тркачките патеки. И покрај интензивната нега што ја има, што се нарекува долгорочна нега, постои многу изменета и влошена органска, мускулна и скелетна слика. Сето ова е резултат на мозочната траума што тој ја претрпе - вели докторот.

1

Зборувајќи за кардиолошкиот третман со матични клетки што ги добил во Париз во октомври 2019 година, за да се подобри состојбата на неговото здравје, докторот истакнува дека тоа е нормална работа во вакви случаи, каде што главниот третман не е толку закрепнувањето колку одржувањето на виталните органи.

- Состојбата на Михаел бара целосно внимание, што не се однесува само на резултатите од траумата на мозокот. Тој исто така има тим од способни физиотерапевти кои ќе помогнат за намалување на ефектите од долготрајната нега. Постојат компликации, како што се мускулна атрофија, нарушување на тетивите, остеопороза, па дури и органски нарушувања - вели д-р Акчари.

- Кај луѓе што немаат многу пари, ова често резултира со рана смрт, затоа што на организмот му е направена неповратна штета - додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот