X
 05.10.2022 Живот

Неврохирург открива пет работи што никогаш не треба да ги правите за да го одржите мозокот здрав

Д-р Брајан Хофлингер од Охајо веќе 23 години работи како неврохирург, а неговото знаење го споделува со илјадници луѓе на интернет.

Тој ги знае ужасните ефекти од лошите навики на луѓето, со оглед на тоа што изведува повеќе од седум операции секојдневно.

Број еден е прекумерното опивање. Луѓето што се екстремно пијани често се дел од сообраќајни несреќи или паѓаат по скали.

Број два е неносењето заштитна кацига. Секогаш носете кацига. Сум видел многу повреди поради неносење кациги. Кацигата е разликата помеѓу живеење и умирање.

Бројот три е неслушање на сопственото тело. Мора да го слушате вашето тело. Многу луѓе што имаат симптоми со месеци ги игнорираат.

Број четири е скокање во плитка вода. Никогаш не скокајте во плитка вода. Огромен е бројот на луѓето што доживуваат страшни повреди поради тоа што скокнале во плитка вода.

И последно, одењето на операција без да ја разберете процедурата. Секогаш информирајте се за процедурата кога одите на операција, советува докторот.

@brain.spine.surgeon Top 5 thing I wouldn’t do: Neurosurgeon Edition #fyp #neurosurgeon #dontdothis #foryou #thoughts ♬ Paris - 斌杨Remix
Извор: Independent.co.uk
Фото: Screenshot/Tik-tok
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот