Градските власти на Амстердам објавија дека одбраа локација за таканаречен „Еротски центар“ кој треба да го замени познатиот кварт на црвени фенери. Новата локација ќе биде облакодер.
Целта на промената е обид за чистење на сликата на Амстердам и ребрендирање на градот како модерна и урбана област која се грижи за жителите и сака да привлекува попрефинети туристи во иднина.
Меѓутоа, голем дел од жителите се спротивставуваат на оваа иницијатива. Според анкета спроведена во јуни, само 20 отсто од испитаниците се за преместување на квартот, околу 35 отсто се против планот, а 18 отсто силно се спротивставуваат на планот.
Самите работници во квартот, исто така, се против планот и протестираат против неговата реализација.
Меѓутоа, дури и ако се реализира, предвиденото отворање на новиот центар ќе биде во 2031 година.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay