X
 10.10.2023 Наука

Имплантите на „Невралинк“ го деформирале мозокот на еден мајмун

Деталите од експериментите на мајмуни за тестирање на мозочните импланти на „Невралинк“ се застрашувачки. Истрага од „Вајрд“ покажува дека имплантот го деформирал мозокот на една женка мајмун за време на експериментите.

Тестирањето на имплантите врз мајмуни било спроведено во истражувачкиот центар ЦНПРЦ во Калифорнија од страна на научници од компанијата. Истрагата покажува дека тестирањето предизвикало тешки невролошки дефекти на седумгодишниот мајмун.

Истражувачите прво забележале отекување на мозокот на мајмунот и заклучиле дека тој ќе почине, но наместо да го евтанизираат, тие го оставиле жив уште еден ден. Според истрагата, последните 24 часа на мајмунот биле страшни. Животното повраќало и имало мозочни напади, загубило контрола на десната нога и неконтролирано се тресело додека имало проблеми со дишењето.

Аутопсија покажала дека имплантот предизвикал воспаление на дел од мозокот, а ефектот бил толку голем што оставил шуплина во черепот на мајмунот.

Меѓутоа, компанијата ги чува во тајност фотографиите од резултатите, па последиците од имплантот можеби се пострашни. Негативните критики сепак не ја спречуваат компанијата да продолжи со тестирање на имплантите на луѓе.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука