X
 03.02.2020 Живот

Косово воведува задолжително служење на воениот рок?

Мандатарот за претседател на владата на Косово, Аљбин Курти, на почетокот на денешната седница на косовското Собрание најави дека служењето на воениот рок во државата за време на неговото владеење ќе биде задолжително.

Според Курти, воената служба ќе трае три месеци, а ќе се воведе со цел да им се помогне на Безбедносните сили на Косово (ФСК) што поефикасно да ги извршуваат нивните задачи.

Лидерот на партијата-победничка на изборите на 6 октомври, Движењето Самоопределување (ВВ), ги наброја мерките што ќе ги преземе неговата влада во сите области и најави зголемување на буџетот на државата на 3 милијарди евра.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот