Стартап-компанијата „Блушифт аероспејс“ успеа да лансира ракета користејќи гориво за кое вели дека може да се произведе на фарма. Таа планира да стане првата вселенска компанија што ќе лансира ракети што користат биогориво, иако треба уште да се работи за да се стигне до тој момент.
Кога станува збор за тест-летот што бил направен во неделата, потребни биле три обиди за да се лансира ракетата и таа не успеала да се искачи на височина од една милја, како што било планирано. Сепак, извршниот директор на компанијата, Саша Дери, изјавил за
медиумите дека според него, летот бил спроведен „совршено“, а ракетата слетала онаму каде што било планирано.
Компанијата планира да направи повеќе тестови и да спроведе подорбитен лет годинава.
Ракетата што била тестирана во неделата била мала. Таа носела товар тежок само 7 килограми. Идните тестови треба да покажат дали може да се користи биогориво за лансирање ракети.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com
Фото: Instagram