X
 05.08.2020 Живот

Ѕирнете во еден од најголемите паркинзи за велосипеди во Холандија

Еден од најголемите паркинзи за велосипеди во Европа се наоѓа во Хаг, Холандија, веднаш до главната железничка станица.

Подземниот паркинг за велосипеди има дизајн кој се разликува од вообичаените паркинзи. Компаниите што го дизајнирале просторот, „Сајло“ и „Студио Марсмен“, создале ентериер кој потсетува на музеј. Наместо темни ѕидови од цемент, паркингот има светол таван и уметнички дела.


Фото: Den Haag

Во просторот може да собере 8.000 велосипеди. Има 700 места за велосипеди за изнајмување, а има и место за други видови велосипеди со додатоци. Просторот зафаќа површина од 8.000 квадратни метри и е втор најголем паркинг за велосипеди во Холандија.


Фото: Den Haag

Паркингот има шест влеза, а корисниците може да влезат во него со картичка која се користи за јавниот превоз во земјата. Паркингот е бесплатен првите 24 часа, а потоа се плаќа преку телефон.


Автор: Британи Ченг
Извор: businessinsider.com
Насловна фотографија: Den Haag
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот