На паркингот во трговскиот центар City Mall, за време на викендот кога има најголем број
посетители, вниманието на граѓаните им го привлече едно посебно обезбедено место.
Иако нивната првична реакција беше зачудувачка, набрзо сфатија дека станува збор за
некакво изненадување. Присутните заедно со обезбедувањето на трговскиот центар се
обидуваа да погодат кому му припаѓа резервираното место?
Додека едни сметаа дека станува збор за шега, други дека е љубовно внимание од
девојка кон момче или обратно, трети претпоставуваа дека обезбеденото место е за
некоја важна личност или компанија, особено поради логото на Т-Mobile. Резервираното
паркинг место дефинитивно ја разбуди фантазијата на сите кои го забележаа, па
останува да видиме кој ќе се паркира и... кој ќе биде најсреќниот?