За корисниците на услугите на јавните паркинзи во град Скопје од денеска е ставена во функција СМС-порака како потсетник за активна паркинг сесија на зонските паркиралишта - изјавија од ЈП „Градски паркинг - Скопје“.
Од почетокот на оваа седмица во системот на зонското паркирање на ЈП „Градски паркинг“- Скопје е активирана СМС-порака со цел потсетување за активна паркинг-сесија. Корисниците што испратиле СМС-порака за паркирање по 4 часа и 5 мин. ќе добиваат „порака-потсетник“ со содржина: „Потсетување дека имате активно паркирање. За крај испратете порака до 144 144 со содржина S“.
Оваа порака е со цел да им се излезе во пресрет на корисниците кои паркираат на зони кои немаат ограничено и автоматско исклучување на паркинг-сесијата, поточно зоните Ц и Д.
Корисниците често од повеќе причини не успеале да испратат „S“ за крај на користењето на паркинг-услугата и со тоа автоматски им се наплаќаше до крај на работното време на паркингот.
Апелираме до корисниците навремено да испраќаат СМС-пораки за започнување и за стопирање на паркирањето, со што не би се соочиле со непријатности, т.е. поставување блокатор на тркало.