„Мајнкрафт“ можеби не е многу ценета игра, но секако е најпродавана. Оваа игра, која ја создал шведскиот програмер Маркус Ноч Персон, досега била купена од страна на 200 милиони играчи, а претставува и инспирација за професори и студенти. Имено, играта се користи на предавања по историја и модернизам на Универзитетот „Конкордија“ во Монтреал.
Новиот педагошки метод им помогнал и на група истражувачи да видат како студентите ја користеле играта за постигнување академски цели. Студентите брзо се приспособиле на новата „училница“ и меѓусебно си помагале да копаат ресурси, да градат домови, да садат храна и да преживеат напади од непријатели. Студентите работеле и во групи и заедно создале футуристички населби и цели градови.
Фото: Pixabay
- Беше важно играта да остане игра и дека додека студентите работат на своите проекти, ужасни работи излегуваат од дивината да ги убијат. Тоа ги принудува да размислуваат дека она што го прават бара труд и дека можноста за неуспех е многу реална - изјавил професорот по англиски јазик Дерен Вершлер.
Според него, алатките што се користат во „Мајнкрафт“ може да се користат за подучување низа предмети на средношколско и универзитетско ниво.
- Нема причина зошто тоа не би можеле да го направиме со архитектурата, дизајнот, инженерството, информатиката, но и историјата, културата и социологијата. Постојат безброј начини тоа да се структурира за да функционира - смета тој.
Извор:
Bug
Насловна фотографија: Pixabay