X
 18.07.2022 Образование

Професор сака да му врати 33 плати на универзитетот бидејќи нема студенти на неговите предавања

Професорот Лалан Кумар, кој работи како доцент за хинди јазик на Универзитетот „Нитишвар“ во Бихар, Индија, сака да му врати 33 месечни плати со вкупна вредност од околу 29.689 евра на Универзитетот.

- Не знам кому да предавам, зошто ми е платата? - изјавил професорот.

Според него, тој ја изгубил волјата за предавање затоа што студентите никогаш не се појавувале на неговите предавања. Кумар работи како асистент на професор по хинди јазик.

- Ако земам плата без предавања пет години, тоа за мене е академска смрт - изјавил тој.

- Мојата совест не ми дозволува да примам плата без предавања. Дури и за време на онлајн часовите (за време на пандемијата) имаше само неколку студенти на часовите по хинди - додал тој.


Директорот на факултетот, Маној Кумар, изјавил дека тврдењата на професорот не се основани и проблемите потекнуваат од пандемијата. Поради слабиот одѕив на студенти на неговите предавања, професорот бара да биде префрлен на друг факултет.

Од Универзитетот откриле дека не ги примиле парите од примените плати кои тој се понудил да ги врати.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование